Францускиот дермато-козметички бренд La Roche-Posay претстави иновација во полето на beauty индустријата – Effaclar Spotscan апликација, која со помош на вештачката интелигенција ја анализира кожата склона на акни.
Апликацијата била дизајнирана да обезбеди стручни совети за сите кои страдаат од неправилноста на кожата на лицето, кои според истражувањето, се однесува на 80% тинејџери и 40% возрасните лица во светот.
Иновативната апликација La Roche-Posay е базирана на вештачка интелигенција и научни податоци кои ја персонализираат анализата на акни, врз основа на илјада фотографии од лицето на корисникот. Обезбедува точна анализа, персонализира совети и овозможува да ги следите подобрувањата на кожата во текот на целата година. За да направи точен алгоритам, La Roche-Posay ги собра сите дерматолозите од целиот свет кои анализирале повеќе од 6.500 фотографии на мажи и жени кои имаат различни видови на кожа и изразените неправилности на кожата.
Извор: PC Press
Поврзани артикли