Мисијата на НАСА, „Аполо 17“, која на Месечината однесе 12 луѓе во декември 1972 година, останува најголем успех. Астронаутите собрале камења, фотографирале сѐ што можеле, направиле неколку експерименти, го поставиле американското знаме и се вратиле дома. И покрај оваа голема мисија, која траела неколку недели, програмата „Аполо“ не им овозможи на луѓето да останат на Месечината подолго.
И денес, 45 години по последната мисија, постојат голем број причини зошто луѓето треба да се вратат на Месечината и да останат таму.
Истражувачите и претприемачите сметаат дека базата на Месечината би можела да стане нешто како бензинска пумпа за долги патувања во вселената, да доведе до изградба на вселенски телескопи, да ја олесни можноста за живот на Марс и да реши вековни научни мистерии околу настанувањето на Земјата и Месечината. Тука е и туристичкиот потенцијал за кој толку слушаме и читаме последниве неколку години.
– Постојана истражувачка станица на Месечината е следниот логичен чекор. Мораме да измислиме уште неколку работи и да ги тестираме пред да одиме во вселенската длабочина – вели поранешниот астронаут Крис Хадфилд.
Но астронаутите и експертите ќе се согласат дека пречките поради кои немало мисии на Месечината се тривијални и банални. Особено голема пречка за сите мисии е трошокот. Според законот што го донесе администрацијата на Трамп потпишан во март 2017 година, годишниот буџет на НАСА изнесува 19,5 милијарди долари, а наредната година ќе се зголеми на 19,9 милијарди долари.
Иако ова е голема сума на пари, во споредба со буџетот што го добива Армијата на САД (600 милијарди долари годишно), изгледа прилично незначително.
– Учеството на НАСА во федералниот буџет беше на врвот со 4 отсто во 1965 година. Во последните 40 години буџетот остана под 1 отсто, а во последниве 15 години стигна до 0,4 отсто од федералниот буџет – вели астронаутот Валтер Канингем, член од мисијата „Аполо 7“.
Буџетот на Трамп е основа за враќање на Месечината и мисија на Марс, но се чини дека постојат и други проблеми, поради недоволните ресурси.
– За истражувачки мисии што вклучуваат луѓе е најтешко да се добие политичка поддршка. Ако Конгресот одлучи да не инвестира повеќе пари, можеме само да зборуваме за мисиите, но не и да се реализираат – вели Канингем.
Целта на администрацијата на Трамп е да ги однесе астронаутите на Месечината во 2023 година, во годината која би можела да биде крајот на вториот претседателски мандат на Трамп, секако, ако го добие. Во тоа лежи новиот проблем – политичко влијание.
Од перспектива на астронаутите најважна е мисијата. Дизајнот, тестирањето и другото би можеле да потраат повеќе од два претседателски мандати.
– Би сакал наредниот претседател да го поддржи буџетот што ќе ни овозможи да извршуваме мисии што ќе се бараат од нас, каде и да се – вели астронаутот Скот Кели.
July 20th is the 49 year anniversary of the first moon landing and these astronauts explain why nobody has visited in more than 45 years https://t.co/wA6ERYmyK2 https://t.co/19Of6yjqbf Read about the challenges beyond the politics by @DaveMosher and @Hilarx #space #exploration pic.twitter.com/2zqUg3oblT
— The Martian Diaries ?The War Of The Worlds Sequel (@martiandiaries) July 17, 2018
Американските претседатели имале различни погледи кон вселенската мисија, а НАСА потрошила 9 милијарди долари за пет години за дизајнирање, градење и тестирање опрема за вселенската програма „Констелејшн“, чија цел е да ги однесе астронаутите на Месечината. Откако Обама го презел претседателството и откако не можеле да се проценат трошоците за програмата, наместо неа, Обама ја одобрил програмата за носач на ракети.
Трамп не ја уништил програмата за носач на ракети, туку ја промени целта на Обама. Ваквите чести промени на приоритетите доведуваат до откажување, загуба од околу 20 милијарди долари, но и изгубено време и години.
Денес, 55 отсто од Американците сметаат дека враќањето на Месечината треба да биде приоритет на НАСА, но 44 отсто сметаат дека астронаутите не треба да се вратат. Што се однесува до поддршката за патување на Марс, таа е многу повисока – 63 отсто.
Површината е покриена со кратери и карпи што претставуваат закана за безбедно слетување. Пред првото слетување во 1969 година американската влада потрошила милијарда долари во развој, лансирање и подготовка на сателитите, кои ја снимиле површината и помогнале во изборот на потенцијалните локации за слетување. Но многу поголема загриженост доаѓа од она што го создало влијанието на метеорите – прашината.Воздухопловниот инженер Мад Тангавел од Универзитетот во Јужна Калифорнија во 2014 година рече дека Месечината е покриена со слој од прашина како прав. Таа е абразивна, така што вселенските костими лесно и брзо би се наполниле.Астронаутот Пеги Витсон, која во вселената поминала 665 дена, проблемот со прашината го наведува како главниот проблем на мисијата на „Аполо“.
– Ако поминеме таму многу време и ако изградиме постојани живеалишта, мораме да смислиме начин со кој ќе го решиме овој проблем – вели таа.
Друг проблем е и сончевата светлина. 14 дена на површината е жешко како во пеколот бидејќи таа е изложена директно на сончева светлина затоа што Месечината нема никаков атмосферски заштитен слој. Потоа 14 дена владее целосна темнина и тогаш површината станува едно од најстудените места во вселената.
НАСА развива мал нуклеарен реактор „Килоповер“, кој треба да ги снабдува астронаутите со потребната енергија во текот на мрачните денови.
– Нема посурова средина за живот од Месечината. Но и покрај тоа, бидејќи е близу до Земјата, таа е најдоброто место на кое би можеле да научиме да живееме – пишува Тангавел.
Тука се и милијардерите што влегоа во трката. Да не беа тие, можеби не би имало големи подвизи.
– Нема сомнение, ако сакаме да одиме подалеку, особено ако сакаме да одиме подалеку од Месечината, потребен ни е нов превоз – вели астронаутот Џефри Хофман, алудирајќи на Илон Маск и неговата компанија „Спејс екс“, како и Џеф Безос и компанијата „Блу Ориџин“. Ракетата на Маск, „Фалкон хеви“, е способна за лансирање мала „Кру драгон“ вселенска капсула до Месечината и назад. Маск изјави дека двајца веќе дале депозит за патувањето.
Астронаутите не се сомневаат дека ќе се вратиме на Месечината и ќе одиме на Марс. Само прашање е кога и која генерација ќе го доживее тоа.
Поврзани артикли