И покрај фактот дека Galaxy Fold на Samsung има трнлив пат по објавата, Google смета флексибилните телефони имаат иднина и компанијата не сака да ја пропушти приликата да ги направи сите свои апликации целосно компатибилни со овие уреди.
Google Photos е една од првите апликации развиени од Google, којa добива поддршка за флексибилни смартфони.
Подобрувањата, за оние кои ќе поседуваат флексибилен уред, вклучуваат screen continuity и multi-resume. Тоа значи дека од наредната недела преку 200.000 корисници на Samsung Galaxy Fold ќе можат да ги искористат предностите на подобрувањата што ги претстави Google.
Тоа не е единствената измена, која е додадена во најновото Google Photos ажурирање. Верзијата на апликацијата за iOS сега има индикатор, кој на корисниците ќе им овозможи на прв поглед да видат кој од нивните видео клипови и фотографии не се ставени во бекап.
Ажурирањето, кое донесува нови функции и подобрувања, се уште не е достапно и засега тука е само Google Play Store changelog-от со опис на нови функции.