Microsoft ја прошири својата Surface линија за да покрие широк дијапазон производи, а ова ги вклучува уредите како што е Surface Hub, кој им е наменет на бизнис корисниците, на кои им се потребни поголеми екрани за колаборативно завршување на работата.
За оние кои гледаат потенцијал во тоа да имаат толку големи екрани, Microsoft сега официјално го претстави и Surface Hub 2S.
Surface Hub 2S има огромен 50-инчен дисплеј со резолуција од 3840 x 2560 пиксели, вградена 4K веб камера, а една од единствените карактеристики на уредот е дека може да се постави на сталак со тркалца и да се поместува низ просторијата и помеѓу простории.
Покрај ова, Surface Hub 2S може да работи и со батерија, која трае околу 100 минути. Тоа значи дека уредот е можно да се носи и на локации кои немаат приклучок за струја.
Surface Hub 2S има поддршка за Windows Ink, а ќе се испорачува со пенкалце. Почетната цена на уредот не е мала и изнесува 900 долари.