Многу интернет прегледници го нудат Reader mode, кој ги отстранува позадинските елементи на страницата за конкретниот ткест да виде полесен за читање. Овој режим е посебно корисен во долгите текстови. Google веќе некое време работи на Reader mode во десктопт верзијата на својот Chrome браузер.
Конкурентските прегледници, како што се Firefox, Safari и Microsoft Edge веќе имаат Reader mode на десктоп, а сега им се придружи и Google Chrome. Режимот моментно е во развој, така што само корисниците на Chrome Canary можат да го испробаат.
Reader Mode работи онака и како што се очекува. Целата непотребна содржина, како што се анимациите, секторот со коментари, реклами и друго се отстранети, за да се прикажува само текстот, насловите и фотографиите во рамките на текстот. За ова да се испроба, корисниците на Chrome Canary најпрвин мора да ја посетат следната адреса: chrome://flags/#enable-reader-mode sekciju i potom omoguće Reader Mode opciju.
Откако ќе се овозможи функцијата, браузерот бара рестартирање пред да може да се користи. Reader Mode потоа може да работи на било која страница, но ќе биде корисен само на страниците со многу текст.