Компанијата Microsoft ја претстави конзолата Xbox One S All-Digital Edition, која не користи дискови.
Microsoft соопшти дека новата верзија на својата конзола ќе почне да ја продава на 7. мај по цена од 249 долари. Новиот модел ќе се продава заедно со стандардните Xbox One S и помоќниот Xbox One X. Меѓутоа, All-Digital Edition конзолата нема да доаѓа со Blu-ray disk, со што е намалена цената за 50 долари.
Microsoft за дигиталниот модел на конзолата избра хард-диск од 1 TB, со неа доаѓаат и дигиталните верзии на игрите Forza Horizon 3, Sea of Thieves и Minecraft. Конзолата е иста како и постоечките, само нема 4K Blu-ray драјв.
https://youtu.be/yBDSMNE3_oQ
Компанијата Microsoft очигледно ја тестира идејата на целосно дигитални конзоли, што е дел од оригиналната визија за Xbox One. Компанијата претходно планираше да им овозможи на корисниците на Xbox Onе да ги делат сите игри по дигитален пат, но проблемите врзани за користените игри и онлајн проверката ја присилија компанијата да се откаже од плановите.
Исто така, Microsoft агресивно ја “бутка” Xbox Game Pass претплатничката услуга која овозможува пристап до повеќе од 100 игри.