По еден месец најавување, Facebook Messenger сега стана најновата голема апликација која доби поддршка за Dark Mode (Темен режим).
Отсега, корисниците можат да ја искористат популарната опција за затемнување на интерфејсот од подесувањата, користејќи ја iOS и Android верзијата на апликацијата. Темниот мод за Messenger почна да пристигнува глобално.
Поголем број други апликации, вклучувајќи ги YouTube и Twitter, исто така нудат темен режим. Оваа опција може да го продолжи работниот век на батеријата во смартфоните, а ова посебно се однесува на оние со OLED екрани.
Исто така, доколку гласините се обистинат, следните верзии на iOS и Android оперативните системи ќе имаат интегриран Dark mode, на системско ниво.