Американската вселенска агенција го најми SpaceX за истражување на можностите за поместување на астероид од својата патека со лансирање на проектил во него.
SpaceX минатата недела одработи многу успешно и спектакуларно полетување на Falcon Heavy и слетување на неговите три погонски ракети. Овој и сличните потфати на компанијата на Елон Маск веќе донесоа прилично лукративни договори со NASA, а пред неколку дена, Американската вселенска агенција имн додели уште една работа. Се работи за футуристички концепт виден во холивудските филмови – SpaceX, имено, ќе добие 69 милиони долари да лансира ракета кон астероидот и да проба да ја помести од патеката.
Програмата наречена Double Asteroid Redirection Test (DART) има за цел да покаже колку е изводливо да се погоди астероид со проектил, за да се влијае на неговата патека. Освен тоа, проектот ќе покаже и за кое време може да се подготви една таква мисија.
Поврзани артикли