Microsoft веќе неколку години во својата понуда има и хибридни лаптопи од серијата Surface. Независно од тоа дали се работи за поевтини модели, за куќните (Go) или бизнис корисници (Pro) едно е сигурно – сите работат на процесорите на Intel.
Но, ова наскоро би можело да се промени. Имено, Бред Семс во својата објава за достапноста на бета верзијата на Firefox за уреди со ARM процесори и Windows 10 наведе дека Microsoft изработил неколку примероци на Surface Pro кои работат на Snapdragon чипот на Qualcomm.
Во продолжение, Симс наведува и дека Microsoft размислува поевтините Surface Pro модели во целост да ги префрли на Snapdragon чипови. Исто така, на интернет кружи приказна дека Surface Go, кој е претставен кон средината на минатата година, во оригинал е замислен со Snapdragon чип, но дека Intel вршел одредени притисоци на Microsoft, поради што Surface Go пристигнал со Intel Pentium Gold процесори.
Истиот извор наведува дека постои доста голема можност втората генерација на Surface Go (која се очекува оваа година) да пристигне со Snapdragon чип. Surface Pro линијата, исто така, би требало да добие значителни подобрувања кон крајот на оваа година (Q4 2019) – се споменуваат потенки рамки околу екранот, нови бои на куќиштето, USB-C порт и други подобрувања.