Јапонската фабрика за автомобили Мазда, поради лошо изработените бришачи на ветробранските стакла, повлекува околу 190.000 модели на Мазда 3 компактни автомобили.
Продавачите од 3 јуни, без никаков паричен надомест, ќе вршат замена на управувачкиот дел на предниот бришач.
Во документите кои ги објави американската Национална управа за безбедност во сообраќајот, компанијата наведува дека ќе ги повлече моделите Мазда 3, произведени во периодот од 2016 до 2018 година.
Јапонскиот производител на автомобили објасни дека на возилата може да дојде до испаѓање на бришачите, но засега нема информации за предизвикани несреќи поради наведениот проблем.
Поврзани артикли