Почина последната женка желка од многу редок вид со мек оклоп во Кина. Со тоа се доведува во опасност опстанокот на овој вид желки, од кои се останати само три.
Желката, за која се верува дека има повеќе од 90 години, почина во саботата 24 часа откако локални научници, заедно со меѓународни експерти, се обидоа вештачки да ја оплодат, објави локалниот весник „Сузхоу дејли“.
Весникот објави дека немало компликации од обидот за вештачко оплодување, но дека истражувачки тим составен од домашни и меѓународни експерти ќе спроведе аутопсија за да се утврди причината за смртта.
Друштвото за конзервација на диви животни ја нарекува Јангце гигантска желка со меко ткиво, и е една од најкритично загрозените видови во светот, убиени поради лов или, пак, поради уништување на нивните живеалишта. Сега постојат само три во светот.
Во зоолошката градина во Сузхоу има една желка мажјак, додека останатите две живеат во Виетнам, но не е познат нивниот пол.
Поврзани артикли