Конкурсот за најдобар дизајн на новиот терминал на аеродромот во Чикаго О’Хара неодамна е завршен, а победник е тимот на ORD студиото, кое е предводено од страна на архитектот Жан Ганг.

Победничкиот тим на меѓународниот натпревар имал подобар проект од некои познати имиња како Сантијаго Калатрава или Норман Фостер. Новиот терминал, најпрометниот аеродром во земјата, треба да го замени постојниот Терминал 2, со површина од речиси 205 илјади квадратни метри што е двојно поголем.

Новиот живописен терминал со облик на буквата Y, кој има покрив направен од дрво, со својот изглед го имитира Chicago Municipal Device. Друг елемент на дизајнот е воден од симболиката на градот. Централниот терминал е дизајниран во форма на ѕвезда, осврнувајќи се на геометријата на ѕвездите на знамето на Чикаго. Жири комисијата ќе го избере и второпласираниот проект кој ќе треба да дизајнира неколку области западно од терминал 1. Ако се оди според планот, работата на аеродромот О’Хара треба да почне во 2023 година и да заврши 2028 година.