По пет години од осамостојувањето на апликацијата Messenger за сите корисници, компанијата Facebook ја враќа во рамките на апликацијата Facebook.
До Messenger ќе се пристапува преку познатото копче, но нема да се отвора посебна апликација, туку корисниците ќе се допишуваат во самата фејсбук-апликација на „Андроид“ и iOS системите.
Промената веќе се тестира на профилите на некои корисници низ светот, кои се и извор на овие вести. Ова значи дека наскоро ќе имаме една апликација помалку на нашите паметни телефони. Не е познато кога оваа промена, односно вградувањето на Messenger во Facebook ќе важи за сите корисници, но тоа е нешто што е извесно.
Со враќањето на Messenger во Facebook“ компанијата сака да ги обедини сите адути на платформата, која сега е многу повеќе отколку што беше во 2014 година, кога Messenger беше одделен. Сега Facebook нуди опции за плаќање, испраќање пари, разговор со ботови, а сето тоа се врши преку Messenger. За да може корисникот сето тоа да го прави побрзо и подобро, Facebook смета дека обединувањето е најдобар избор.
Извори веруваат дека враќањето на Messenger се случува и поради тоа што наскоро ќе бидат обединети сите платформи за допишување кои се во сопственост на Facebook – Instagram, WhatsApp и Messenger.
Се претпоставува дека корисниците што ќе сакаат да го користат автономниот Messenger ќе можат да го прават тоа, но не се знае до кога, односно дали самостојната апликација некогаш ќе биде отстранета.
Извор: Mondo.rs
Поврзани артикли