Научниците откриле уште една планета, која ја нарекле K2-18b, а веруваат дека на неа можеби има живот!
Планетата е поголема од Земјата и оддалечена е од нас 111 светлосни години. Се наоѓа во соѕвездието Лав.
https://www.youtube.com/watch?v=At5vzTJJ4H4
Таа кружи околу ѕвезда која е “црвено џуџе” и тоа во Златкосината зона, која е совршена за настанување на живот.
Дополнително треба да се утврди дали е планетата гасовита или карпеста. Постои голема веројатност дека на неа има вода, и дека е доволно топла за живот, пренесува Independent.
Сигурно е дека планетата има атмосфера, а бидејќи кружи околу ѕвезда, значи дека има услови за вода. Едното плус второто водат до заклучок дека на неа е можен живот.
Обидувајќи се да ја измерат масата и некои други карактеристики на планетата, астрономите забележале уште една планета околу истата ѕвезда и ја нарекле K2-18C.
“Тоа што успеавме да ја измериме масата и густината на K2-18B беше одлично, но кога притоа откривме уште една планета, тоа беше вистинска среќа и чудо” , рекол шефот на проектот, Рајан Клотје.
Единствена разлика во односот на Земјата, кога станува збор за планетата K2-18b и тоа што се знае за неа, е дека е нешто поголема од Земјата. Постои можност да станува збор за водена планета, што значи дека е целосно или во главно покриена со вода, но со леден покривач на површината.