Телото на несреќниот турист беше пронајдено 10 километри низводно.
Турист од Саудиска Арабија, обидувајќи се да сними селфи на брегот на Нил во Уганда, се лизна, падна во реката и се удави, соопшти полицијата.
„Тој се удавил во обид да сними селфи, но водите на Нил го однеле“, изјави портпаролката на полицијата во Уганда, Елен Буто.
Несреќата се случила во саботата кога Саудиецот во друштво на пријател го посетил водопадот Калала во централниот дел на Уганда.
„Туристот се лизнал бидејќи почвата била влажна и тој се навалил наназад за да се сними со разбрануваната вода во заднина“, изјави портпаролот на полицијата.
Телото на несреќниот турист беше пронајдено во вторникот 10 километри низводно.
Поврзани артикли