Леи Џун, основачот на кинеската компанија за електроника Xiaomi доби бонус од 963,2 милиони долари, пишува BBC.
Електронскиот гигант претходно изјави дека планира да му даде “награда“ на Џун за посветената осумгодишна работа во Xiaomi.
Основачот за возврат вети дека сумата ќе ја донира во добротворни цели, откако даноците ќе бидат одземени од пакетот за компензација. Сумата е блиску до онаа од 1,3 милијарди долари, колку што беше нето добивката на компанијата за минатата година.
Xiaomi founder Lei Jun is donating his nearly $1 billion bonus to charity https://t.co/eLZ5nOWGCh pic.twitter.com/BX9nH8Jp5w
— CNN Business (@CNNBusiness) April 10, 2019
Бонусот е во прилог на останатите исплати што Xiaomi ги направи за својот основач, вклучувајќи плата и дивиденда за коишто не беше споделена сумата.
Компанијата беше четврт најголем производител на смартфони лани, веднаш по Samsung, Apple и Huawei.
Поврзани артикли