Глечерите на Земјата поради глобалното затоплување се топат многу побрзо отколку што претходно мислеа научниците.
Глечерите секоја година губат 369 милијарди тони снег или лед, што е скоро половина од територијата на Северна Америка. Директорот на светскиот центар за контрола на глечерите од Универзитетот во Цирих, Михаел Цемп изјавил дека новата студија до сега е најопсежно истражување за глечерите.
Во тоа истражување се наведува дека глечерите од 2013 година имаат изгубено околу 13 отсто од вкупната маса. Глечерите се топат пет пати повеќе отколку во 60-те години, се наведува во студијата и се додава дека дека глобалното затоплување на планетата влијае на покачување на нивото на морињата поради топењето на ледот.