Во Париз, славната пирамида Лувр, дизајнирана од страна на IM Pei, слави 30-ти роденден.  Во чест на овој јубилеј, во дворот Наполеон (Court Napoleon), каде е сместена оваа знаменитост, создадена е интересна оптичка илузија на пирамидата која исчезнува во провалија. И покрај тоа што се работи за авторско дело (JR),  во создавањето на илузијата учествувале 2000 волонтери кои сечеле и лепеле околу 2000 ленти од хартија.  Уметничкото дело ќе биде „деинсталирано“ односно самото ќе биде уништено од минувачите кои ќе проаѓаат низ него.

Стаклената пирамида во дворот на Лувр е завршена во 1989 година, на иницијатива на Митеран, кој во тој период имал идеја за поставување на нови знаменитости во француската метропола.