Netflix не е единственото големо име во светот на стриминг платформата која работи на интерактивни емисии, бидејќи тоа го прави и видеосервисот YouTube.
YouTube исто така развива програми кои го користат споменатиот формат, а Бен Релес го предводува новиот оддел кој е фокусиран на интерактивни емисии и специјални емисии во живо.
“Сега имаме неверојатни нови алати и можности да направиме и раскажеме подолги интерактивни приказни. Бен сфаќа дека оваа платформа може да ја подобри содржината и дека е совршен избор за развивање на новиот оддел”, изјави шефицата за оригинална програма на YouTube, Сузен Даниелс.
Иако има неколку интерактивни емисии, вклучувајќи ја “Minecraft: Story Mode”, Нетфликс минатата година со “Black Mirror: Bandersnatch” покажа колку форматот може да биде успешен.
YouTube ги тестираше интерактивните реклами и сега сака да ги промени првобитните амбиции кои се однесуваат на содржината. Неодамна се откажани некои високобуџетни серии, а за неколку седмици ќе се најават нови програми.