Во текот на Google Cloud Next 2019 настанот, Google најави дека ќе ја додаде опцијата на користење на сигурносниот клуч кој е вграден во Android телефоните за мулти-фактор верификација и заштита од фишинг. Оваа опција ќе биде достапна на сите телефони кои го користат Android 7.0+ (Nougat), така што нема да биде потребно носење дополнителни сигурносни клучеви.
За да се оневозможи вградениот сигурносен клуч на телефонот, на корисникот му е потребен Android 7.0+ телефон со Google Play Services и Bluetooth уреди со Chrome OS, macOS X или Windows 10 оперативен систем и Chrome браузер. Постојат неколку чекори преку кои се овозможува сигурносниот клуч.
- Потребно е да се додаде Google Account на Android телефон;
- Уверете се дека користите верификација во два чекора;
- На компјутерот, влезете во 2SV подесувањата и кликнете на “Add security key”;
- Изберете го својот Android телефон од листата на достапни уреди.
Google им препорачува на корисниците и да го регистрираат бекап сигурносниот клуч на своите профили и да го чуваат на безбедно место, за да можат да пристапат до налогот доколку го загубат смартфонот.
Споменатата функција ќе им биде достапна на сите корисници во бета.
Поврзани артикли