Новинарот Еван Оснос го оставил тригодишниот син со неговиот iPad, а малиот успеал да го заклучи на 25,5 милиони минути, односно нешто повеќе од 47 години.
Оснос го споделил ваквиот проблем на Твитер, а набрзо завршил и во медиумите со оглед на тоа што ќе може да го отклучи својот уред кога неговиот син ќе има 50 години.
Безбедносниот систем на Apple ги заклучува уредите пропорционално со внесување на погрешната лозинка. Со тоа, колку повеќе пати внесувате погрешна лозинка, толку повеќе минути (денови, недели, месеци) вашиот уред ќе остане заклучен.
Uh, this looks fake but, alas, it’s our iPad today after 3-year-old tried (repeatedly) to unlock. Ideas? pic.twitter.com/5i7ZBxx9rW
— Evan Osnos (@eosnos) April 6, 2019
Твитерџиите го советувале новинарот едноставно да причека 48 години, но некои тврдат дека постои трик за отклучување.
Уредот треба да се поврзе со компјутер, а потоа да се отвори iTunes. Потоа, треба да се рестартира, а по рестартирањето ќе се појават опциите “restore” и “update”, од кои треба да се избере “restore”. Со тоа можете да го спасите вашиот уред, но не и податоците на него.
Поврзани артикли