Истражувањето претставено на состанокот на Европската геонаучна унија во Виена предвидело дека до крајот на векот глобалното затоплување ќе стопи голем дел од мразот кој го обликува изгледот и екосистемот на денешните Алпи, а тоа го предвидуваат швајцарските научници.
Дури и ако светот успее да ја постигне зададената цел за глобално затоплување на помалку од два степени Целзиусови во однос на прединдустриското ниво, две третини од ледниците во европските планински ланци ќе исчезнат до 2100-та година, тврдат научниците од ETH во Цирих.
“Алпите во главно ќе бидат без мраз до 2100-та година и само изолирани “парчиња” мраз ќе останат на врвовите”, рекол коавторот на истражувањето, Матијас Хус.
Меѓутоа, од нив со вода се снабдуваат растителниот и животински свет, а но и земјоделството и хидроелектраните.