Huawei Mate X ќе биде достапен на пазарот подоцна во текот на годината, но кинеската компанија не објави информации за конкретната достапност на уредот во продажба. Сега Vmall (онлајн малопродажба која ја покренува Huawei) можеби ја разреши оваа мистерија.
Страницата која го покрива првиот флексибилен телефон на компанијата Huawei (како и првиот 5G смартфон) го прикажа јунскиот период за почеток на продажба на смартфонот. Страницата во меѓувреме е отстранета.
Официјално, Mate X ќе биде достапен кон средината на 2019. година, по цена од 2300 евра. Доколку сакате да се потсетите на спецификациите на телефонот, можете да ги пронајдете тука.