И покрај фактот дека во Норвешка пазарниот удел на електричните автомобили е скоро 60%, а и тоа што речиси сите поголеми производители се вклучија во трката за електрификација, американската консултантска компанија LMC Automotive има поинакви прогнози. Од оваа куќа велат дека уделот на електричните автомобили секако ќе расте, но ни близу до интензитет што би ја оправдал денешната возбуда во автомобилскиот свет.
Минатата година, уделот на автомобили со фосилни горива на пазарот на нови возила бил 95%, а LMC Automotive предвидува дека оваа година ќе има пад на 92%. До 2030 година, електричните автомобили ќе бидат попопуларни само на одредени пазари, првенствено на оние каде што за нив ќе има големи субвенции, повластици и слично. Покрај Норвешка, се издвојува и Кина каде што уделот на класичните бензински автомобили би можел да падне на 48% до 2030 година.
Сепак, најголемо разочарување е Индија. Во 2017 година, локалната власт најави тотален премин на електрична енергија, и тоа на сите лични возила, вклучувајќи ги и мотоциклите. Планот за 2030 година малку е променет, и тоа на 30% удел на електричните возила.
И покрај огромните инвестиции во сегментот, LMC Automotive предвидува дека уделот на возила со класичен погон во 2030 година ќе изнесува дури 97%.
Извор: Додај Гас