Минатиот месец Apple ја претстави подобрената верзија на iPad Mini 5, а во ова видео може да видите како новиот уред мина на тестот за издржливост.
Стругањето на екранот, на куќиштето и на заштитните стакла на камерата, како и загревање на екранот со отворен оган и свиткување на куќиштето се дел од тестирањата на издржливост со кои YouTube каналот JerryRigEverything ги тестира мобилните уреди.
Како мина новиот уред на Apple и дали е поиздржлив од iPad Pro може да дознаете од следното видео.
Извор: B92.net