Корисниците на интернет ширум светот ќе можат да учествуваат во изборот на име за најголемата “неименувана” џуџеста планета во сончевиот систем – 2007 OR10.
Според Меган Шомб, кој бил меѓу откривачите на ова небеско тело, тимот на научници мора да го даде името на планетата во следните десет години. Таа додаде дека досега, истражувачите излегоа со три верзии на името што ги задоволуваат барањата на Меѓународната астрономска унија – “Гонгонг”, “Хол” и “Вили”. Корисниците на интернет ќе може да гласаат за едно од овие три понудени имиња.
Џуџестата планета 2007 OR10 беше откриена во 2007 година од страна на реномирани планеолози како Меган Шомб и Мајкл Браун.
Поврзани артикли