Оваа активност е неефикасна, скапа, троши ресурси и придонесува за загадување на околината, па наскоро во Кина би можела да стане и илегална.
Кинеската национална комисија за развојна реформа, односно главниот планер на економски активности во земјата, донесе документ во кој се истакнуваат индустриите кои би требало да бидат укинати. Меѓу мноштвото активности кои се опасни, ги трошат ресурсите, ја загадуваат околината, не се сигурни или пак не ги почитуваат позитивните прописи, оваа Комисија го смести и – рударењето на криптовалути.
Така, ископувањето на криптовалутите е дефинирано во владиниот документ кој порано оваа година го објави кинеската комисија за национален развој и реформи. Документот кој го објави ова регулаторно тело содржи предлог за забрана на ископување на дигиталните валути како што е Биткоин. Тоа е поради загриженоста дека таквите операции на ископување всушност претставуваат расипување на вредните ресурси.
China’s state planner wants to ban #bitcoin mining https://t.co/Be2MRdOWpA via @brendagoh_ pic.twitter.com/1p30HT7o50
— Reuters (@Reuters) April 9, 2019
Кина презеде многу претпазлив пристап кон дигиталните валути на владино ниво. Народната банка на Кина дури ја забранила иницијалната понуда на монети (ICO) во септември 2017 година. Сега се чини дека земјата размислува за забрана на рударството во целост.