Во октомври 2018 година, Кина имала вкупно 234 цивилни аеродроми, а планира тој број до 2035 година да достигне 450. Податоците покажуваат дека побарувачката за патнички авио превоз во Кина ќе ја надмине онаа во САД до 2035 година, сочинувајќи 1/4 од сите комерцијални патнички летови на светот. Минатата година, низ кинеските аеродроми минале 552 милиони патници, а се предвидува дека тој број ќе порасне на 720 милиони до 2020 година.
Моменталниот број на аеродроми во Кина, не ќе може да прифати толкав број патници, па затоа изградбата на нови според властите е сосема логичен потег. Според многумина пак, изградбата на толкав број нови аеродроми е мегаломанска идеја и ќе се пкаже како економски неоправдана.
Оваа година завршува изградбата на новиот аеродром во Пекинг, кој ќе го преземе приматот на најголем светски аеродром.