Веќе слушнавме информации за тоа дека Samsung ќе го објави Galaxy Note10, заедно со помала верзија на овој фаблет, а новите извештаи од Јужна Кореја дополнително се занимааат со споменатата тема.
Според новите гласини, ќе постојат барем четири верзии на Samsung Galaxy Note10, од кои два модела ќе имаат 5G конекција, додека два ќе бидат 4G.
Тоа сугерира дека веројатно ќе добиеме 6.75-инчен Note10, заедно со 6.28-инчна верзија.
Поголемиот модел ќе има четири камери на задната страна, додека помалите ќе имаат три сензори на камерата. Потоа, има два речиси идентични смартфони кога се спецификациите во прашање, но нe и додадена поддршка за 5G технологиja.
Се сугерира дека Samsung се одлучил за овој необичен потег на објава на четири Note модели во текот на една година, поради успехот кој компанијата го имаше со истата стратегија со својата S10 линија.
Поврзани артикли