Четири години откако доби официјално куќиште, Raspberry Pi конечно доби и официјална тастатура и маус.
Raspberry Pi прв пат се појави на пазарот во 2012. година, а последната верзија пристигна минатата, 2018. година. Од вкупно четири модели во десет различни верзии, официјално егзистираат осум од нив, односно сите кои имаат 40-пински GPIO.
Маусот има три копчиња и користи Omron свичеви, додека тастатурата има 79 копчиња и изгледа како тастатурата кај лаптопите. Тастатурата е со димензии 284 x 121 милиметри и маса од 269 грама, која со мини компјутерот се спојува преку USB кабел. Има и сопствен USB 2.0 hub на кој може да се поврзе глувче, USB стик и слични уреди.
При купувањето на тастатурата, освен бојата (црвена и бела, но алтернативно во црна и сива боја), потребно е да се избере и саканиот распоред, а во понудата ги има шест – UK, US, DE, FR, IT и ES.
Цената на перифериите ни овој пат не е претерана. За тастатурата е потребно да се издвојат 17 долари, а за глувчето 8 долари. Подеталните спецификации се достапни на официјалните страници на производителот.