Благодарение на најновата анализа на познатата компанија Statista, откриено е кои се најпопуларните програми за уредување, примање и испраќање на мејл пораки.
Statista ги откри резултатите од истражувањето поврзано со популарноста на мејл клиентите – без разлика на платформата. Познатата услуга на Google без сомнение е меѓу најпопуларните на пазарот, но дали е најпопуларна?
Според истражувањето, единствениот „клиент“ кој и денес ја надминува по бројот на корисниците е Mail на Apple – мобилната апликација за iOS.
Според анализите, од 834 милиони мејлови, 28% биле отворени на iPhone, додека 26% биле отворени на Google Gmail. На третото место се наоѓа Outlook, на четвртото е Mail за iPad, а на петтото место се наоѓа исто така Mail, но за Mac.
Се чини дека најголемата доверба на корисниците кога станува збор за мејловите, и покрај глобалната доминација на Google, сепак ја има Apple.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли