Иако во својата пријава Amazon не го прецизира траењето на проектот, ниту неговата вредност, се проценува дека ќе поминат барем уште 10 години пред да проработи мрежата.
Amazon планира во следните неколку години да лансира дури 3.000 сателити во ниската Земјина орбита, за да создаде нова широкопојасна интернет-мрежа во целиот свет. Поточно, компанијата сака да создаде “вселенски” интернет, кој ќе биде достапен за сите без оглед на тоа каде се наоѓаат на Земјата, а брзината ќе биде иста како оптичкиот интернет.
Но, Amazon не е единствениот кој сака да го “освои” небото. И Елон Маск сака да создаде мрежа од сателити кои би овозможиле широкопојасен интернет. Неговиот SpaceX минатата година лансираше два сателити, кои треба да бидат зачеток на новата мрежа Starlink, во која се планирани 4.425 сателити.
Уште во 2015 година, Марк Цукерберг го претстави својот план тежок милијарда долари за мрежа од сателити кои би обезбедувале широкопојасен интернет во Африка и во другите сиромашни делови од светот. Меѓутоа, тој план не се оствари.
Извор: Zimo.hr