Новиот концепт за изградба на пловечки град кој беше обелоденет на тркалезната маса на UN-Habitat би можел да биде одржливо решение за зголемувањето на нивото на морето, катастрофите поврзани со климатските промени и недостигот од места за домување, велат експертите.
На состанокот беше и компанијата Oceanix која сака да изгради пловечки структури, како и Институтот во Масачусетс, повеќе дизајнери и архитекти. Овој проект може да биде дом на 10.000 луѓе , кој може да издржи тешки временски услови и им овозможува на жителите да произведуваат сопствена енергија и храна и да управуваат со водата и отстранување на отпадот.
Пловечкиот концепт на град, познат како Океаникс Сити, се состои од серија на хексагонални острови населени со структури од среден пораст изградени со употреба на одржливи материјали. Секој хексагонален остров може да насели до 300 жители. Формата на шестоаголник беше избрана бидејќи се смета дека е најстариот простор-ефикасен архитектонски облик.