Хрватската апликација Photomath станува дел од една од најпопуларните социјални мрежи во светот – Snapchat. Односно, како што е објавено на Snap Partner Summit, преку опцијата Lenses на Snapchat корисниците ќе можат едноставно да скенираат математички задачи и да ги добијат нивните решенија. Ќе биде доволно само да се протисне и да се држи прстот на екранот со активирана апликација Snapchat и во позадина ќе се скенира задачата.
За се останато, како што е објаснувањето или решението чекор по чекор, корисниците ќе бидат упатувани на самата апликација Photomath. Со оглед на тоа дека според последните информации, Snapchat има повеќе од 180 милиони корисници секој ден, ова партнерство сигурно ќе му обезбеди уште многу корисници на Photomath.
Хрватската апликација Photomath досега е преземена повеќе од 100 милиони пати и инвестиција вредна 6 милиони долари. За потсетување, Рhotomath уште минатата година ја надмина бројката од 100 милиони преземања, а тогаш најавија и дека работат на надградба која би понудила решенија и за текстуалните задачи, кои за многумина се најтешкиот облик на математички задачи.
Поврзани артикли