Информациите од Tајван сугерираат дека и Qualcomm и Samsung ја одбиле можноста да го снабдуваат Apple со своите 5G модеми.
Со оглед на актуелната глобална “војна” со патенти, кои ја водат Apple и Qualcomm, ова не претставува изненадување. Кога е во прашање Samsung, јужнокорејската компанија има поинаква причина – недоволни залихи на своите Exynos 5100 5G моџдеми.
Актуелниот снабдувач на Apple со безжични модеми е Intel, но компанија се уште нема 5G модем – XMM 8160 би требало да биде подготвен за 2020. година и веројатно не постои шанса да се најде во годинашните iPhone модели, а можеби и во моделите од наредната година.
Ваквата ситуација би можела да и ја отвори вратата на компанијата MediaTek, која се надева дека нејзиниот Helio M70 модем би можел да се најде во смартфоните на Apple. Компанијата оди дури дотаму што ги забрзува и зголемува производството и испораката за шест месеци.
Меѓутоа, новиот извештај на аналитичарот Тимоти Аркури истакнува дека MediaTek чипот не е доволно добар за да ги задоволи стандардите на Apple, како и дека Samsung дефинитивно отпаѓа како опција.
Поврзани артикли