Постојат бројни начини за како да паузирате од Facebook, но пред да направите нешто поради што ќе зажалите, одлучивме да ве потсетиме дека постои начин да го деактивирате Facebook профил, а притоа да не се избришат сите спомени.
Кога ќе го деактивирате својот профил, во него ќе биде скриено сè од јавноста во посебни архиви каде ќе се очекува вашето враќање.
Сепак, некои работи како што се приватни пораки и содржина која сте ја поседувале на профилот на другите луѓе ќе биде и понатаму видлива.
Всушност, лицата кои ќе го деактивираат профилот и понатаму ќе можат да комуницираат преку Messenger апликацијата.
Еве како да го деактивирате вашиот Facebook профил:
1. Пронајдете и кликнете на обратниот триаголник во гордниот десен агол на било која Facebook страница.
2. Изберете ја опцијата Settings.
3. На General стиснете на опцијата Manage Account.
4. Ќе забележите неколку опции, но веднаш можете да кликнете на Deactivate your account.
5. Кога еднаш ќе го деактивирате вашиот профил, Facebook ќе побара да ја внесете својата шифра. Кога ќе го направите тоа, ќе добиете прашање да оставите причина поради која го оставате Facebook профилот.
6. Ако сакате повторно да го активирате својот профил, едноставно логирајте се на Facebook, после што ќе ви биде испратен верификациски код за да се потврди дека тоа сте вие. Поради тоа внимавајте мејлот и бројот на телефонот да ви бидат активни пред да го активирате профилот.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли