Microsoft и BMW најавија создавање современа софтверска платформа преку која ќе се овозможи полесно поврзување на фабриките на автомобилскиот гигант.
Стручни лица сметаат дека тоа многукратно ќе го забрза развојот на производството на возила.
Извршниот директор на Microsoft, Скот Гатри соопшти дека мрежната платформа ќе биде составена од 3.000 машини, роботи и самоуправувачки преносни средства.
Слична зделка минатата недела склучија и Volkswagen, Amazon и Siemens.