Канадската компанија Lion Electric го најави Lion8, целосно електричен градски камион кој е направен да ги издржи острите временски услови во Северна Америка. Камионот не едизајниран да ја превземе работата на другите електрични тешки камиони како оние од
Tesle и Nikolа, туку за чисто и без бичава да вршат достава во урбаните подрачја. Тежината на самото возило е 11.160kg, додека вкупната маса со вклучен товар на возилото е 24.766kg. Според информациите од производителот, камионот наречен уште и Urban Truck може да мине 400km со едно полнење на својата Li-ion батерија од 480kWh. Неговиот електромотор развива 47hp, вртежен момент од 3500Nm и максимална брзина од 105km/h.