Huawei Mate 30 ќе биде претставен во септември или октомври

Huawei продолжува да го следи својот амбициозен план да стане најголемиот производител на паметни телефони во светот. Додека очекуваме да видиме дали ова ќе се случи, дознаваме дека Huawei веќе започна со тестирање со својот следен смартфон од висока класа, пренесе Gsmarena.

Уредот е достапен за експерименти на различни тимови на компанијата, при што официјалната премиера ќе се случи наесен. Според најновите податоци, Huawei Mate 30 ќе биде претставен во септември или октомври оваа година. Фактот дека Huawei веќе тестира прототипови е показател дека компанијата сака да им го понуди најдоброто на своите корисници со следниот Android предводник. Деталите за Мате 30 сè уште се многу ретки.

Едно од подобрувањата што нè очекуваат во уредот е Kirin 985 процесорот, кој ќе се произведува со 7-нанометарска EUV технологија. Благодарение на тоа, архитектурата ќе понуди 20% повисока густина на транзистори отколку Kirin 980. Интеграцијата на 5G модем, исто така, изгледа сигурна. Во оваа фаза, нема други информации за техничките спецификации на претстојниот модел од популарната серија на Huawei.