На интернет неодамна се појави видео кој прикажува руски дрон опремен со пушка.
Се работи за дрон кој е наменет за соборување за помали летала, воглавно непријателски дронови. Развојот на дронот почна уште во 2016. година, а на него работеа група студенти на Институтот за авијација во Москва. Иако имаше примери во кои луѓето монтирале огнено оружје на дроновите, па дури и моторни пили, имаше и проблеми, бидејќи при испалувањето на куршумите, дронот стануваше непрактичен и неефикасен.
Defence.ru наведува дека студентите го решиле овој проблем со дизајнирање механизам за стабилизација, кој овозможил подобрување на прецизноста. Рускиот производител на оружје Almaz-Antey го патентирал дизајнот и креирал прототип.
Дронот е опремен со руска Vepr-12 пушка, а со неа се управува со помош на визир, кој го користи корисникот на тлото. Леталото полетува вертикално и може да лета со 40 минути, а дизајнирани е за онеспособување на несакани дронови. Видеото во прилогот прикажува како дронот уништува балон и RC авион.
Дроновите се веќе закана за бојното поле и се користат за фрлање експлозиви на непријателските сили.