Хрватски рибар во Пиранскиот залив во Истра, фатил ајкула долга 8 метри која се заплеткала во неговата мрежа. Според рибарот најверојатно станува збор за ајкула од видот планктонец, вид кој се храни со планктони. Тој и уште двајца рибари ајкулата ја извлекле на брегот. Ајкулата била тешка нешто помалку од два тони.
Рибарите подоцна големата риба ја пуштиле назад во морето, надевајќи се дека ќе преживее, бидејќи како што рекле „покажувала знаци на живот“.
Ogroman morski pas zapetljao se u mrežu jednog savudrijskog ribara, spašen je i vraćen u more. Svaka čast, danas samo lijepe vijesti. 🙂 Video poslala Arlene Kauzlarić Ocovich
Posted by IstraMet on Сабота, 02 март 2019