Израелски истражувачи открија најголема солена пештера во светот, долга 10 километри. Се работи за Малхам – извор на сол којшто се наоѓа недалеку од Мртвото Море.
Истражувањата траеја две години, а интересно е и тоа што во близина е местото на кое, според Библијата, жената на Лот се претворила во столб од сол. Пештерата се наоѓа во планината Содома – најголемата во Израел, а првите нејзини делови се откриени уште во 80-тите години од минатиот век.
Експертите очекуваат дождовите во иднина дополнително да ја прошират пештерата.
Титулата најголема солена пештера во светот од 2006 година досега ја имаше пештерата на иранскиот остров Кешм.
Поврзани артикли