Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека NASA сака да испрати астронаути на Месечината до 2024 година
Зборувајќи за неодамна успешно извршената кинеска мисија на Месечината, Пенс изјави дека САД денес се во вселенска трка со Кина и Русија, исто како што беа и во 60-тите години на минатиот век.
NASA веќе планираше враќање на Месечината, но по изјавата на Пенс се гледа дека рокот е забрзан.
„Политиката на оваа администрација и на САД е американските астронаути да се вратат на Месечината во наредните 5 години. САД мора да останат први во вселената и во овој век, како и во минатиот. Ние ќе бидеме првата нација која ги вратила астронаутите на Месечината во 21 век“, додаде тон.
NASA ќе се фокусира на јужниот пол на Месечината, регија чии делови се скоро секогаш во мрак. Но, јужниот пол содржи резерви замрзната вода која НАСА сака да је претвори во гориво за леталото.
„Предизвикот е прифатен, се фрламе на работа“, напиша на Twitter Џим Брајденстајн, администратор на NASA.
Претходно, NASA најави враќање на површината на Месечината до 2028 година. Колку е подготвена за порано започнување на мисијата не е познато. Пенс се закани дека ќе користи други комерцијални системи или ќе побара други партнери ако NASA не биде подготвена на време.
Извор: Klix.ba