Во текот на претходните месеци се појавија неколку извештаи за Lite верзии на Pixel 3 и Pixel 3 XL телефоните на компанијата Google. Уредите конечно би требало да бидат официјализирани оваа пролет.
Најнoвите извештаи од Германија сугерираат дека можеме да очекуваме помалиот Pixel 3a да има почетна цена од 450 евра, а за тие пари се добива 4GB RAM и 64GB простор за складирање. Можеби ќе постои и модел со повеќе интерна меморија, но малку веројатно е дека послабата верзија на Pixel ќе има повеќе RAM од стандардниот модел. Тоа значи дека бенчмарк листингот, кој неодамна го откри Pixel 3a XL со 6GB RAM веројатно бил грешка.
Pixel 3a i 3a XL ќе бидат достаони во црна и бела боја, но тука е и третата варијанта, мистериозно наречена Iris. Се очекува дека оваа верзија на смартфонот ќе биде виолетова.
Според претходните гласини, смартфоните на Google од средниот сегмент ќе имаат 5,6-инчен и 6-инчен екран, Snapdragon 670 SoC (или Snapdragon 710), 12MP камера на задната страна и 8MP предна камера.
Поврзани артикли