Компанијата Apple призна дека одреден број на купувачи на MacBook и понатаму имаат проблеми со сигурноста на тастатурата чии копчиња заглавуваат.

„Познато ни е дека мал број на корисници имаат проблем со третата генерација на butterfly тастатурата и жал ни е поради тоа. Поголемиот број на корисници на Mac имаат позитивни искуства со новата тастатурата”, соопштија од Apple.

Сигурноста на редизајнирата тастатура на Apple се најде во фокус во 2017 година кога корисниците се пожалиja на контроверзниот butterfly-switch дизајн кон кој Apple се пренасочи во 2015 година со воведувањето на 12-инчниот MacBook во својата понуда.

Apple тивко одговори на критиките со додавање на гумената мембрана која требала да ја заштити тастатурата од прашина и други честитки кои ги правеле копчињата неупотребливи на претходните модели. Компанијата никогаш официјално не ја призна целта на промената, но тоа е потврдено со документ кој протекол во јавноста. Apple потоа покрена програма за поправка на сите butterfly-switch тастатури.

Решението на Apple донесе и подобрување, но тоа не било совршено, бидејќи честичките како песок сепак можеле да се заглават во механизмот. Клучните проблеми продолжиле и во третата генерација на тастатури.

Извор: Klix.ba