Интернет одамна стана плодно тло за различни шеги и мемиња, па сега од веќе прастарите шеги во рамките на кои корисниците се мотивирани да притиснат CTRL+ALT+DEL и да го рестартираат компјутерот – што веше релативно безопасно, но одземаше драгоцено време – настанаа многу други, помодерни и поинтелигентни шеги со повеќе прикриени мотиви.
Една од нив моментно владее со Тwitter и официјалните лица на компанијата истакнуваат дека сите корисници би требало да бидат свесни. Од корисниците се бара да не обрнуваат внимание на проблематичните содржини, бидејќи ако влезат во интеракција, ќе ја загубат контролата над својот профил на Twitter. Имено, се работи за тоа дека споменатата шега бара од корисниците да го променат датумот на раѓање во рамките на профилот и да го префрлат на 2007. година, за да отклучат нови бои и шаблони за декорирање на профилот.
Она што всушност се случува кога датумот на раѓање ќе се промени на 2007. година е дека корисникот автоматски ја губи контролата над профилот, бидејќи на помладите од 13 години не им е дозволено да имаат профил на оваа платформа.
Шегата, меѓу останатото, успеа и благодарение на тоа што Facebook Messenger од корисниците претходно бараше во рамките на некоја порака да испратат емотикон во облик на месечината, а за да го активираат dark mode, така што корисниците поверуваа дека и промената на година на раѓањето е начин да се дојде до некоја скриена опција. Twitter предупредува дека во прашање е измама, и се уште нема информации за тоа како оние што ја направиле промената да ја повратат контролата врз своите профили.