Може да има голем број причини зошто вашиот паметен телефон со Android оперативен систем одеднаш почнал да работи позабавено. Со овие пет трикови можете да ги елиминирате најчестите причини за тоа.
1. Исчистете ја меморијата
Фотографии, видеозаписи, аудиокниги, документи, апликации… Колку повеќе вакви нешта чувате во паметниот телефон, толку побавно ќе работи. Ако е речиси полн, веројатно многу ќе кочи. Затоа, повремено чистете ја меморијата. Она што ви е важно префрлете го на друга направа, а преостанатото избришете го.
Одете во Settings, па во Storage (во некои уреди оваа категорија ќе ја најдете под Device Maintenance или нешто слично). Тука можете да видите колкав дел од меморијата на вашиот телефон е зафатен и што зазема најмногу простор, како и функциите за управување со меморијата, како што е Free up space и други.
И Cache е дел кој треба почесто да го чистите. Одете во Settings, па потоа во Applications и почнете по ред.
2. Намалете го бројот на виџети
Сè уште користите голем број виџети? Можно е некои од нив, а можеби и сите, да ја забавуваат работата на вашиот паметен телефон. Ако не ви се премногу потребни, обидете се да ги исклучите и така да проверите дали тие се виновниците за побавното функционирање.
3. Исклучете ги непотребните анимации и додатоци
Доколку сте презеле и инсталирале друг launcher освен оној со кој бил опремен вашиот паметен телефон кога сте го купиле, проверете во неговите поставки дали можете да го исклучите или редуцирате бројот на анимации и додатоци што ги отвора.
4. Затворајте ги апликациите, ослободете ja РАМ меморијата
Денешните паметни телефони често можат да поднесат голем број истовремено отворени апликации. Но, постои граница до која ќе го издржат тоа пред да почнат да работат забавено. Затоа, затворете ги апликациите што не ги користите многу често.
5. Повторно стартувајте го смартфонот
Добриот стар лек за проблемите со компјутерите може да го отстрани проблемот поради кој вашиот паметен телефон одеднаш почна да работи побавно отколку што треба. На овој начин ќе бидат запрени непотребните процеси што се вртат во заднина и телефонот ќе се врати во подобра кондиција.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли