Планираната прва вселенска прошетка на целосно женски тим астронаути е откажана поради проблем со скафандерите, соопшти NASA.
Кристина Кох и Ен Меклејн требаше за три дена да вградат литиум-јонски батерии во Меѓународната вселенска станица.
НАСА соопшти дека во МВС има само еден скафандер со средна големина во горниот дел, но таа големина им е потребна за двете жени.
Меклејн дознала дека и нејзе ѝ е потребна средна големина на скафандер кога работела надвор од станицата на 22 март.
Скафандерите што се користат на орбиталната станица се составуваат од повеќе делови за да може најидеално индивидуално да се прилагодат на телата на астронаутите, вели Бренди Дин, портпаролка на Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.
Таа додава дека скафандерите за астронаутите се прават во средна, голема и екстра голема величина. Досега вселенските прошетки ги обавувале само машки и мешани машко-женски тимови.
Од NASA не дадоа подетални објаснувања зошто МВС не е опремена со повеќе различни величини на скафандери, со оглед на бројот на жени астронаути во станицата.
Извор: Klix.ba