Лаптопот на Xiaomi, Mi Notebook Air би можел да добие надградба за неколку денови, а доказ за ова пристигнува во вид на објава на официјалниот профил на одделението за преносни компјутери на компанијата.
Објавата вклучува тизер фотографија, на која е испишано 1,07 кг, што би требало да биде тежината на новиот лаптоп. Исто така, текстот на кинески, грубо преведено го сугерира мототото: “Која е перфектната тежина?”, што укажува на тоа дека претстојниот лаптоп на Xiaomi ќе биде полесен од споменатите 1,07 килограми, прикажани на екранот на уредот во тизерот.
Актуелниот Xiaomi Mi Notebook Air (на фотографијата) има 12.5-инчен FullHD дисплеј, Intel Core m3-7Y30 или Core i5-7Y54 процесори, 4GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање. Лаптопот пристигнува во складно, метално куќиште.
Поврзани артикли