Проверете дали некој ви чепкал во компјутерот и бришел или модифицирал фајлови со помош на овој краток и корисен водич.
1. Проверете ги активностите на компјутерот
Одете во File Explorer. На горниот лев дел од менито одберете Quick Access, каде што можете да проверите дали постојат апликации и документи кои вие не сте ги отвориле.
2. Проверете ги неодамна променетите фајлови
Ако душкалото кое седнало на вашиот компјутер е снаодливо, ќе ја избрише историјата на пристапувањето до документите на овој начин: Quick access > Options > Clear File Explorer History. Ако забележите дека некој ја избришал неодамнешната активност и сè е празно, можеби нема да дознаете што прегледувал, но ќе знаете дека го користел вашиот компјутер.
Исто така, можно е да му влезете во трага со проверка на датумот за модификација на фолдерите. Во File Explorer одете на полето за пребарување и напишете: datemodified. Таму ќе ги видите сите фајлови што неодамна биле отворани и променети.
4. Проверете ги обидите за логирање на компјутерот
Ако имате Windows 10 Home, тој може да ги следи и обидите за логирање на компјутерот и да ги зачува во фајл. Ако имате Windows 10 Pro, ќе мора малку да чепкате во компјутерот.
Отворете ја програмата Group Policy. Потоа одете во Computer Configuration > Windows Settings > Security Settings > Local Policies > Audit Policy > Logon Audits и таму погледнете ги успешните и неуспешните логирања со кликање на Success или Failure.
Во двата случаја можете потоа да проверите кој се логирал преку Event Viewer. Откако ќе го отворите, одете во Windows Log > Security и таму прегледајте ја листата на активности со пребарување на шифрата 4624, која значи логирање и 4672, која значи администраторско логирање. 4634 значи дека некој се одлогирал. Сите овие шифри можете да ги најдете со помош на функцијата за пребарување.